Холандија ја блокира Бугарија за влез во Шенген

Холандија нема да го поддржи барањето на Бугарија за влез во Шенген зоната на состанокот на Советот на ЕУ во Брисел следната недела, објавија холандските медиуми.

Фото: Пиксабеј

Претходно холандската администрација донесе одлука да го поддржи пристапувањето на Романија и Хрватска во Шенген, притоа блокирајќи ја Бугарија.

Министрите сметаат дека Бугарија не ги исполнува потребните услови за членство во Шенген.

Според холандскиот министер за надворешни работи Вопак Хоекстра, премногу рано е Бугарија да влезе во Шенген. Тој не ја исклучи можноста Холандија да ја преиспита својата одлука кога ќе стане јасно дека Бугарија е способна да се бори против корупцијата и организираниот криминал.

Холандскиот премиер Марк Руте изрази загриженост дека пристапувањето на Бугарија во Шенген зоната може да предизвика прилив на илегална миграција.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе