Хезболах вели дека Израел ќе плати ако стои зад експлозијата во Бејрут

Лидерот на таа моќна шиитска група, поддржана од Иран, во говорот од петокот пренесуван на телевизија рече дека имало две теории во истрагата за тоа што ја предизвикало експлозијата на амониум нитрат на 4 август во магацин во пристаништето во Бејрут, во кој загинаа најмалку 172 лица, а 6.000 се повредени.

Фото: ЕПА

Едната теорија е дека се работи за несреќен случај поради небрежност, а другата е саботажа.

Израел негира каква било поврзаност со инцидентот.

Насралах рече дека меѓу можностите за саботажа е и подметнување пожар или помали бомби.

„Кој би можел да стои зад саботажата? Може да биде оваа или онаа страна, и може да биде Израел, што никој не може да го негира“, рече тој.

Хезболах ги чека резултатите од либанската истрага и ако се утврди дека „тоа била терористичка саботажа и дека Израел имал улога, тогаш нема само Хезболах да одговори. Целата либанска држава... мора да одговори“, изјави тој.

„Израел ќе плати цена висока на злосторството ако го направил“, истакна Насралах.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе