Харадинај му се нафрли на Курти: Зошто брзаш, го правиш Косово губитник!

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај му порача на актуелниот претседател на владата во Приштина Аљбин Курти да престане со избрзаните одлуки и од обидот за „заземање на северот“ и закажувањето избори за градоначалници.

EPA-EFE

Харадинај на Фејсбук го праша Курти зошто избрзува со новите одлуки.

„Зошто брзате Аљбин Курти со сите планови, со работата и дејствата што ги правите, или обидувајќи се да спроведете фиктивни избори на северот, или со именувањето министри по итна постапка, или со спротивставените знаци... и секогаш се повлекуваш како вчера и правиш Косово да изгледа како губитник. Од каде ви е таа сметка, сакате ли опасен север по секоја цена, или не знаете и нема кој да ве научи? Престанете. Во спротивно ќе ги носите оваа држава и овој народ на врат“, остро му порача Харадинај.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе