Хаос во Москва: Пукал во луѓе поради маска, има мртви (ВИДЕО)

Најмалку две лица се убиени, а три се ранети кога вооружен напаѓач отворил оган во Москва.

EPA-EFE

Руските медиуми јавуваат дека напаѓачот е уапсен.

Пукањето се случило во државна установа за издавање документи, јавува Раша тудеј.

Московскиот весник РБК тврди дека напаѓачот е 45-годишниот жител на Москва Сергеј Глазов. Агенцијата ТАСС пренесува, повикувајќи се на анонимни полициски извори, дека со пукањето дошло по расправија околу носење маска.

„Мажот извадил оружје и почнал да пука. Во овој момент е познато дека никој од вработените во центарот немал време да го притисне копчето за аларм“, изјавил еден извор за ТАСС.

Според информациите на руската полиција, жртвите се работник и посетител. Меѓу повредените има и 10-годишно девојче.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе