Протестот беше одржан откако владата воведе ноќен полициски час, за првпат од Втората светска војна.
Меѓу демонстрантите имаше и сопственици на ресторани кои се противат на затворањето, јавува Ројтерс.
Ziekenhuis in #Enschede aangevallen!
— Peter de Langen (@PeterLangenAfrt) January 24, 2021
Niet te geloven!! pic.twitter.com/1Iik3tjpMV
Протест беше одржан и во саботата вечерта, кога беа уапсени 25 лица низ земјата и напишани 3.600 казни за кршење на полицискиот час.
Полицијата во Ајндховен користеше водени топови и солзавец против стотиците демонстранти и предупредуваше преку разгласи да се избегнува центарот на градот.
Во саботата вечерта, за време на првата ноќ на полицискиот час, демонстранти во холандското село Урк запалија лабораторија за тестирање на коронавирусот и фрлаа пиротехнички средства.