Хаос на улиците на Париз, немирите се шират кон центарот на градот (ВИДЕО)

Немирите кои почнаа како демонстрација на поддршка за момчето Тео, кое наводно полицајци сексуално го малтретирале со пендрек, се шират кон центарот на Париз. Околу 200 демонстранти се собраа во квартот Барб каде протестираа барајќи правда за Тео со извици: „Простуваме, но не забораваме“.

Протестите сепак се претворија во немири откако дел од учесниците почнаа да палат контејнери.

Портпаролот на париската полиција за Си-ен-ен изјави дека полицајците фрлиле солзавец кон демонстрантите за да ги растераат, а едно лице уапсиле. Откако бил фрлен солзавецот, демонстрантите се рашириле кон центарот на градот по местата каде се собираат туристи и продолжија да предизвикуваат немири.

Меѓу транспарентите на демонстрантите особено се истакнуваше „Е*ете ја полицијата случајно“, со што се алудира на изјавата на полицајците обвинети во случајот на Тео, кои изјавиле дека на момчето случајно му паднале панталоните и седнал врз пендрекот.

Момчето Тео по апсењето било хоспитализирано и итно оперирано поради тешки повреди. Веднаш по објавувањето на инцидентот, демонстрантите тргнаа од квартот на Тео и оттогаш се шират низ Париз.

Полицајците се супсендирани – еден од нив е обвинет за силување и прекумерна употрева на сила, а останатите тројца за прекумерна употреба на сила.

Францускиот претседател Франсоа Оланд го посети Тео во болница, а потоа го посети и квартот каде што почнаа немирите и повика на мир, најавувајќи дека ќе работи на подобрувањето на односите меѓу полицијата и емигрантите.

Нашите умни, работливи и чесни граѓани заслужуваат да имаат излез на „море" што се нарекува светски пазар.

повеќе

Како што транспортниот систем ја дефинира структурата на урбаното „ткиво", така половата поделба ја дефинира структурата на општеството.

повеќе

Киев не може да дозволи, ниту од морална, ни од правна гледна точка, нејзини претпријатија да бидат конфискувани.

повеќе