Хакерски напад на иранска телевизија, десет секунди повици на убиство на врховниот лидер

Слики на дисидент во егзил од движењето Народни муџахедини на Иран биле прикажани на каналите на иранската државна телевизија која инцидентот го окарактеризира како хакерски напад.

EPA-EFE

Во програмата во 15:00 по локално време ненадејно била емитувана слика на Масуд Раџиви и неговата сопруга Марјам, а машки глас изговорил: „Поздрав до Раџиви, смрт за (врховниот лидер на Иран ајатолахот Али) Хамнеи“.

Потоа преку слики бил пуштен говор на Раџави. Тој не се појавил во јавност повеќе од две децении и се верува дека е мртов, а движењето го предводи Марјам.

Народните муџахедини на Иран, чии членови сега главно се наоѓаат во Албанија, не се огласија по овој повод.

Ваков инцидент не се случил со години, а се верува дека телевизијата ја контролираат припадници на разузнавачката агенција на Иран и на Револуционерната гарда.

Иранската телевизија соопшти дека се случил хакерски напад и дека истрагата е во тек.

Движењето е формирано како социјалистичка организација против владеењето на шахот Мохамед Реза Пахлави.

Тие извршиле повеќе атентати и бомбашки напади во Иран.

Подоцна пребегаа во Ирак и го поддржаа Садам Хусеин во војната против Иран во осумдесеттите години од минатиот век. Поради тоа ја загубија поддршката од многумина во Иран, иако и понатаму одржуваат мрежа во таа земја.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе