„Страниците на руските министерства, агенции и државни компании беа цел на хакери поради настаните во Украина, а веб-страниците на Кремљ, водечкиот превозник Аерофлот и главниот заемодавач Сбербанк се меѓу оние кои имале прекини или привремени проблеми со пристапот во последните недели“, соопшти руското министерство, наведувајќи дека работи на прилагодба на овие нови услови, со сè поголеми и посилни сајбер-напади.
„Ако порано нивната моќност во моменти на најголемо оптоварување достигнуваше 500 гигабајти, сега е на 1 терабајт“, велат во министерството. „Тоа е два до три пати посилно од најсериозните инциденти од ваков вид што претходно биле пријавени“, велат тие.
Бидејќи Русија станува се поизолирана од глобалните финансиски системи и синџири на снабдување, руската влада предложи низа мерки за поддршка на ИТ секторот. Технолошките компании ќе имаат повластени даноци и повластени услови за заеми.
Повикувајќи се на нацрт документи на руската влада, Интерфакс доцна синоќа објави дека руското министерство предложило издвојување на 14 милијарди рубљи за поддршка на ИТ компаниите во форма на грантови.
Ројтерс пишува дека не можел веднаш да го потврди извештајот.