Гувернерот на Њујорк: Не го знаеме изворот на инфекцијата, мора да останеме затворени

Гувернерот на државата Њујорк Ендрју Куомо ги критикуваше избрзаните барања за отворање на неговата сојузна држава и порача дека знае дека луѓето остануваат без работа, но дека е потребно подобро разбирање на коронавирусот за да се ублажат мерките.

Додека гувернерите на околу половина од америкаските сојузни држави планираат да ги ублажат рестрикциите по овој викенд, Куомо истакнува дека се потребни повеќе информации за епидемијата во Њујорк, најтешко погодената американска сојузна држава, пред ублажувањето на мерките.

„Кога сте во неистражени води не одите слепо напред“, кажа тој.

„Искористете ги информациите за да го одредите дејствувањето – не емоциите, не политиката, не она што луѓето го мислат или чувствуваат, туку она што го знаеме врз основа на факти“, додаде Куомо.

Џорџија и Тексас отидоа најдалеку во смисла на попуштање на рестрикциите.

Гувернерите на тие две и на неколку други држави во кои вирусот е под контрола се под притисок на граѓаните да дозволат придвижување на економијата.

Според владините податоци оваа недела 30 милиони Американци останаа без работа од 21 март.

Куомо истакна дека во Њујорк дневно и понатаму се хоспитализираат по 900 лица и дека властите не го знаат изворот на тие инфекции. Тоа е, според него, доволно причина државата Њујорк да остане затворена.

Куомо ги претстави резултатите од тестирањето за антитела кое опфатило 15.000 луѓе во Њујорк, а покажува дека 12,3 отсто од тестираните биле заразени со коронавирусот.

Тие резултати го потврдуваат претходното истражување, објавено пред десетина дена, а спроведено на помал примерок, кое покажува дека еден од пет жители на градот Њујорк имал коронавирус, при што најголем процент заразени имал Бронкс (27,6 отсто).

Вирусот САРС-ков-2 е потврден кај повеќе од 1,1 милион Американци, со над 65 илјади смртни случаи.

Во петокот беа забележани нови 34.000 новозаболени во САД, што е најголемиот дневен пораст од 24 април.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе