Говорејќи во пресрет на годишната сесија на Генералното собрание на ОН на состанок посветен на образованието, Гутереш рече дека „образованието е во длабока криза“, пренесува Радио Слободна Европа.
Тој потсети дека пандемијата на коронавирусот имаше „погубно влијание“ врз образованието, при што сиромашните студенти, лишени од технолошка поддршка, се најдоа во особено неповолна положба.
Гутереш апелираше до сите земји приоритет да им бидат повисоките издвојувања за подобрување на условите за образование.
Генералниот секретар на ОН, исто така, ги критикуваше авганистанските талибанци, кои, откако се вратија на власт во август 2021 година, лишија од образование повеќе од милион тинејџерки.
„Апелирам до властите во Авганистан веднаш да ги отстранат сите ограничувања за пристапот на девојчињата до средно образование“, рече Гутереш.
Во своето обраќање на денешниот собир, Сомаја Фаруки, членка на прославениот авганистанскиот роботички тим за девојки, предупреди дека талибанците „полека го искоренуваат постоењето на жените во авганистанското општество“.
„Илјадници девојчиња можеби никогаш нема да се вратат на училиште. Многумина веќе се омажија. Ветувањата за повторно отворање на училиштата дојдоа и исчезнаа“, рече Фаруки.