Предупредување од генералниот секретар на ОН

Гутереш: Пандемијата на коронавирусот е најголемата криза од Втората светска војна

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш предупреди денес дека светот се соочува со најголемата криза од Втората светска војна, пандемијата која е закана за луѓето во секоја земја и која ќе предизвика рецесија каква што немало во блиското минато.

Гутереш во денешното соопштение наведе дека постои ризик комбинацијата од болеста и нејзиното влијание врз економијата да придонесе на „нестабилност, поголеми немири и засилени конфликти“.

Тој повика на посилен и поефикасен глобален одговор на пандемијата и на социјалните и економските последици.

Истакна дека тоа ќе биде можно само ако сите се обединат и ги заборават политичките игри и ако сфатат дека „човештвото е нападнато“.

„Јачината на реагирањето мора да биде во согласност со обемот на кризата – опсежна, координирана и сеопфатна, а реакциите на земјите и меѓународните организации да ги предводи Светската здравствена организација (СЗО)“, кажа Гутереш, напоменувајќи дека некои земји не ги следат насоките на СЗО.

Тој најави и формирање фонд за одговор и опоравување од коронавирусот за поддршка на земјите со среден и низок БДП, со цел на тие влади да им се овозможи брзо да се изборат со кризата и да застант на нозе.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе