На собирот присуствуваа околу 15.000 луѓе

Грета Тунберг ги предупреди светските лидери на климатскиот протест во Лозана (ВИДЕО)

Активистката за животна средина Грета Тунберг учествуваше денес на климатскиот собир во Лозана, Швајцарија, неколку дена пред да присуствува на Светскиот економски форум во Давос.

Опкружена од илјадници млади луѓе, 17-годишната активистка се движеше по улиците на Лозана зад транспарентот „Да го промениме системот. Не климата“.

„Досега во текот на оваа деценија не видовме никаков знак за вистинска климатска акција“, рече 17-годишната еко-воинка пред претежно тинејџерската публика, пренесе АФП.

„Тоа мора да се промени“, рече таа, додавајќи порака до светските лидери: „Ова е само почеток. Сè уште не сте виделе ништо. Ве уверуваме во тоа!“

На собирот против глобалното затоплување се собраа околу 15.000 луѓе, соопшти женевскиот Штрајк за клима.

Грета Тунберг следната недела треба да отпатува на Светскиот економски форум во Давос.

Не е познато дали младата активистка во Давос ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, со кого имаат остра преписка на Твитер.

Трамп најави дека на собирот на кој ќе присуствува политичката и економската елита треба да пристигне на 21 јануари.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе