Специјалниот претставник на Белата куќа

Гренел ги повика Албанците во САД да гласаат за Трамп

Специјалниот претставник на Белата куќа за дијалогот на Белград и Приштина, Ричард Гренел, ги повика Албанците кои живеат во Америка повторно да го изберат Доналд Трамп за претседател на САД.

EPA-EFE

Гренел во видео-порака ги потсети косовските Албанци дека Трамп вредно работел на мирот на Балканот и нормализацијата на економските односи на Белград и Приштина.

„Земам неколку минути за да ги подучам моите албанско-американски пријатели и да ги охрабрам да препознаат дека Доналд Трамп вредно работеше на мирот на Балканот и економската нормализација. Внимаваше на еден регион. Знаеме дека Барак Обама и Џо Бајден не обрнуваа внимание“, кажа Гренел.

Се надеваме дека нашите албански пријатели ќе се потрудат повторно да го изберат Доналд Трамп. Вредно работеше за вашиот глас, се наведува во пораката на Гренел.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе