Грција се движи кон „некаква нормалност“ до пролетта, летото

Премиерот Кирјакос Мицотакис во понеделникот рече дека Грција може да се врати во „одредена нормалност“ на крајот на пролетта или во почетокот на летото ако програмата за вакцинација остане на добар пат.

Фото: ЕПА

Говорејќи на онлајн-седницата на Светскиот економски форум, Мицотакис рече дека снабдувањето со вакцини од Европската Унија ќе биде клучно и истакна дека тоа мора да се забрза.

Во исто време, сепак, тој ги пофали договорите на ЕУ со големите фармацевтски компании како „успешна приказна“.

„Одлуката на ЕУ да купи вакцини централно и да ги дистрибуира според популацијата на своите земји-членки е чин на солидарност“, рече тој.

Осврнувајќи се на начинот на кој Грција се справи со двата брана на пандемијата, тој рече дека „научивме дека треба да ги слушаме експертите и научниците и веднаш да донесуваме одлуки“.

Тој инсистираше дека Грција успеала многу добро да се справи со првиот бран, но била принудена да ја затвори економијата со вториот бран во ноември минатата година, по значителна цена.

Во меѓувреме, гужвите за време на викендот во главните трговски области во Атина и во Солун предизвикаа нова загриженост и кај здравствените експерти и кај владата, а следните денови се сметаат за одлучувачки со оглед на тоа што во секој момент се очекува третиот бран на пандемијата.

„Ние ги следиме основните правила и сме умерено оптимистични“, заклучи тој.

Властите во понеделникот објавија 436 новозаразени со коронавирусот, со што вкупниот број на случаи се искачи на 152.412. Од овие нови случаи, 20 се пријавени на влезните точки во земјата. Уште 25 лица починаа, зголемувајќи ги вкупните жртви на 5.671, додека бројот на пациентите на апарати изнесува 286.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе