Грција поради короната ги забрани сите јавни прослави по повод празниците

Грчката влада поради се поголемиот број заразени со омикрон варијантата на ковид-19, ги забрани сите јавни прослави за време на божиќните и новогодишните празници.

Фото: ЕПА

Ова го соопшти министерот за здравство Танос Плеврис на државното радио.

Дополнително, повторно е задолжително носење заштитни маски, а во супермаркетите и јавниот превоз се задолжителни маски КН95 или по две медицински или платнени маски.

За влез во државата потребно е да се покаже негативен тест. ПЦР тестот не треба да биде постар од 72 часа, а антигенскиот од 24 часа.

Плеврис исто така ги повика патниците да направат брз тест вториот и четвртиот ден по влегувањето во земјава.

Во Грција во средата се регистрирани 5.641 новозаразени, а една недела порано 4.801.

Досега во таа земја се откриени 29 случаи на варијантата омикрон.

Владата предупреди дека здравствениот систем е под голем притисок.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе