„Ова ќе ја промени рамнотежата во воздухот“

Грција плаќа 2,3 милијарди евра за 18 борбени авиони „рафал“ и ракети

Грчката влада соопшти денес дека ќе плати 2,32 милијарди евра за набавка на борбени авиони „рафал“ од француско производство и унапредување со компатибилни ракети.

EPA-EFE

Испораката на 18-те авиони ќе почне кон средината на 2021 година и ќе заврши за две години, кажа портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас.

За модернизација на своите оружени сили во следните пет години Грција намени 11,5 милијарди евра, јавува Асошиејтед прес.

Среде тензиите со Турција околу источниот Медитеран, Грција така ќе добие 12 летала кои се во употреба во француската војска, како и шест нови авиони.

„Оваа набавка ќе ја смени рамнотежата на силите во воздухот“, истакна Пецас.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе