„Дојде до стабилизација, поточно до пад во бројот на нови случаи, но со побавно темпо од очекуваното“, рече Стелиос Пецас, владин портпарол.
Ова е втора блокада во Грција, во која досега се евидентирани 109.655 случаи на инфекција со коронавирус и 2.186 смртни случаи.
Рестрикциите првично биле предвидени да траат до 30 ноември. Пецас рече дека продавниците што продаваат божиќни подароци ќе бидат отворени следниот месец.