Грција благодарна на Франција што испрати воено засилување на Медитеранот

Франција прати два авиони ловци „рафал“ и два брода на воената морнарица кон источен Медитеран, каде што Турција повторно испрати брод во грчкиот дел од морето за да бара гас и нафта под море, придружен со флота воени бродови, па исплови и грчката воена морнарица.

Фото: ЕПА

Француското Министерство за одбрана изјави дека двата „рафали“ ќе пристигнат денес на Крит и ќе останат неколку дена. Тие претходно беа на Кипар на воена вежба.

На носачот на хеликоптери „Тонер“, кој е на пат кон Бејрут со помош, ноќта меѓу средата и четвртокот му се придружи фрегатата „Лафајет“, која пристигна од Ларнака, Кипар, каде што вежба со грчката морнарица, јави агенцијата Франс прес.

„Целта на ова воено присуство е независна процена на ситуацијата и да се потврди посветеноста на Франција кон слободата и безбедноста на пловењето во Средоземно Море и почитувањето на меѓународното право“, рече Министерството.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ѝ се заблагодари на Франција за зајакнувањето на военото присуство во источен Медитеран, јавува агенцијата АП.

Мицотакис во пораката напишал дека францускиот претседател Емануел Макрон ѝ е „вистински пријател на Грција и силен заштитник на европските вредности и меѓународното право“.

Макрон во средата вечер го најави зајакнувањето на француското воено присуство, по телефонскиот разговор со Мицотакис, и ги повика и Грција и Турција, членки на НАТО, да се фокусираат на смирување на тензиите.

Во понеделникот Турција испрати брод за потрага по гас и нафта, придружуван од воени бродови, во просторот помеѓу грчки Крит и Кипар.

Затоа Грција повторно ја стави армијата во состојба на готовност и испрати воени бродови во областа јужно од турскиот брег.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе