Грчката влада најави ограничувања за празничните собири

Грчката влада во понеделникот објави рестриктивни правила за Бадник и Божиќ, како и за новогодишната ноќ.

EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Собирите во домовите ќе бидат ограничени на најмногу девет лица од две семејства, рече владиниот портпарол Стелиос Пецас.

Тој додаде дека на сила ќе остане и полицискиот час од 22 часот до 5 часот наутро.

Здравствените власти во неделата пријавија 693 нови случаи на коронавирус, и 85 смртни случаи.

552 пациенти биле приклучени на респиратор.

Грција од 18 декември воведува тридневен карантин за сите патници кои пристигнуваат со авион во земјата. Грчката агенција за цивилно воздухопловство денес издаде нота со која се проширува мерката за заштита на авио-патниците и населението од инфекција со коронавирус, што вклучува задолжителен тридневен карантин за сите патници кои влегуваат во Грција.

Одлуката се однесува и на патниците кои доаѓаат во Грција од земјите членки на ЕУ и ќе биде на сила од 18 декември до 7 јануари, објави агенцијата АНА.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе