Говорот на Бајден по потврдувањето на победата: Трамп одбива да го почитува нашиот устав (ВИДЕО)

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден синоќа го критикуваше одбивањето на досегашниот претседател Доналд Трамп да го признае изборниот пораз, кажувајќи дека со тоа покажува дека не ја почитува волјата на народот и ја повика Америка да сврти нова страница.

EPA-EFE

Електорите од сите американски сојузни држави вчера официјално го потврдија демократот Џо Бајден за нов американски претседател по неуспешните обиди на Трамп својот пораз да го сврти во победа.

„Тоа е екстремен став каков што досега не сме виделе“, кажа Бајден во говорот од својот штаб во Вилмингтон, Делавер, откако Електорскиот колегиум ја потврди неговата победа на изборите на 3 ноември.

„Став кој одбива да ја почитува волјата на народот, да ја почитува правната држава, одбива да го почитува нашиот устав“, додаде Бајден.

На инаугурацијата на 20 јануари Џо Бајден треба да се промовира како 46-ти американски претседател, а сенаторката Камала Харис за потпретседателка.

„Интегритетот на нашите избори е зачуван. Сега е време да се сврти страницата. Да се обединиме“, кажа идниот американски претседател.

„Пламенот на демократијата во оваа нација е запален пред многу време“, кажа тој. „И сега знаеме дека ништо, ни пандемијата, ни злоупотребата на власта, не можат да го изгасат тој пламен. Во оваа борба за душата на Америка демократијата победи“.

Трамп во ноември кажа дека ќе ја напушти Белата куќа ако електорскиот колегиум гласа за Бајден, но од тогаш почна невидена кампања во обид да го сврти изборниот резултат, поднесувајќи бројни тужби во судовите. Тој ни вчера, на денот на електорското гласање, не пропушти да ги повтори своите тврдења за изборна измама.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе