Гори мостот што го поврзува Крим со Русија (ВИДЕО)

Резервоар со гориво рано утринава се запалил на мост на Крим, објави руската државна новинска агенција РИА Новости, додека украинските медиуми јавија за експлозијата, а на снимките објавени на Твитер се гледа дека гори воз.

Фото: Твитер

На Твитер се шири наводна снимка од моментот на експлозијата.

Мостот што го поврзува Крим со Русија е тешко оштетен. Вниманието на медиумите го привлече снимката од возот со запалени цистерни и целосно уривање на северната лента на патниот дел од мостот. На првите фотографии се гледа дека јужната коловозна лента сè уште стои, но и дека е тешко оштетена.

Сообраќајот е прекинат на патниот и железничкиот мост, отворен во 2018 година за да се поврзе Крим со руската транспортна мрежа. „Резервоарот за гориво на еден од деловите на мостот на Крим е во пламен. Сводовите не се оштетени“, јави РИА Новости, цитирајќи официјален претставник на провинцијата но не ја прецизираше причината.

Ројтерс објави извештаи од украинските медиуми кои тврдат дека на мостот се случила експлозија околу 6 часот наутро, а на снимката објавена на Твитер се гледаат бројни вагони со гориво запалени на железничкиот дел од мостот, додека патниот дел од мостот е тешко оштетен.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди тие извештаи и снимки.

 

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе