Големи протести се одржуваат во главниот град Минск веќе 12 викенди по ред, вршејќи притисок врз Лукашенко, кој вели дека не планира да се повлече и покрај кризата.
Оваа недела, Лукашенко делумно ги затвори границите на Белорусија кон Западот, го смени министерот за внатрешни работи и рече дека сите демонстранти кои би допреле полицајци кои ги набљудуваат протестите би требало „да останат барем без рака“.
Најмалку две колони демонстранти биле формирани во Минск, а во едната биле околу 20.000 луѓе, објави весникот Наша Нива.
Видеото, објавено од опозицијата на нејзините социјални медиуми, покажува демонстранти кои скандираат „веруваме, можеме, ќе победиме“, но Ројтерс не можел независно да ја потврди автентичноста на снимката.
Мобилниот интернет не е достапен во главниот град, а неколку метро-станици биле затворени.