Гнил нафтен танкер би можел без вода да остави осум милиони луѓе

Влијанието на излевањето на нафта во Црвеното Море од танкер кој гние во водата би можело да биде далеку поголемо отколку што се предвидуваше, при што осум милиони луѓе би изгубиле пристап до вода.

EPA-EFE

Во тек се преговори за истоварување на проценетите 1,1 милиони барели сирова нафта кои остануваат на бродот ФСО Сафер. Бродот содржи четири пати поголемо количество нафта од онаа која Екон Валдез ја испушти во Заливот на Алјаска во 1989 година, а излевањето се смета за сè поверојатно.

Нафтата ќе се рашири надвор од Јемен и ќе предизвика огромна штета по животната средина во Саудиска Арабија, Еритреја и Џибути, според најновите проценки.

Тристраните преговори меѓу бунтовниците Хути, владата на Јемен и ОН ослабеа, и покрај бројните предупредувања. Функционерите на ОН не успеале да добијат гаранции за одржување на бродот, вклучувајќи го изгниениот труп, кој сега го надгледува само седумчлениот екипаж.

Излевањето веројатно ќе доведе до затворање на пристаништата во Црвеното Море во рок од две недели. Цените на горивата ќе пораснат за дури 80 отсто, а недостигот од гориво за пумпите за вода ќе доведе до тоа осум милиони Јеменци да останат без вода. Дури два милиони луѓе ќе изгубат пристап до вода ако погоните во регионот бидат загадени. Иако се очекува половина од нафтата да испари на морето во рок од 24 часа, остатокот во рок од шест до 10 дена ќе стигне до западниот брег на Јемен.

Излевање би загрозило 66 до 85 отсто од јеменскиот риболов во Црвеното Море во рок од една недела, а 93 до 100 отсто од тој риболов во рок од три недели.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе