Како што напиша на Телеграм, тие планираат напади врз енергетските објекти во Украина.
„Следната недела би можела да биде многу тешка“, напиша Арахамија на Телеграм.
Тој додаде дека надлежните власти разработуваат различни сценарија за тој случај, пренесува украинската новинска агенција Интерфакс.
Одржани се многу обуки, разработени се акциите на експертите за енергетика и критична инфраструктура, секој знае што да прави. Се подготвуваме. Армијата се подготвува“, напиша Арахамија.
Тој ги повика граѓаните да се грижат за себе и за своите семејства, да складираат вода и храна и да ги наполнат своите телефони.