„Епидемиолошката ситуација е влошена“

Главниот српски епидемиолог: Нема друга алтернатива освен вонредна состојба

Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави денес дека освен воведување вонредна состојба нема друга алтернатива, иако таквата мерка би била „економски удар“, бидејќи најважно е да се заштитат животите.

EPA-EFE

„Единствено мерка на целосно спречување на контактите ќе донесе резултати’, кажа Кон за РТС.

Тој додаде дека мерките донесени минатиот викенд не биле она што го барал медицинскиот дел на владиниот кризен штаб.

„Ние баравме да биде затворено сè освен прехранбените објекти, бензинските пумпи и аптеките. Тоа е потребно за да се прекине синџирот на пренесување на вирусот“, кажа тој. Предупреди и дека епидемиолошката ситуација дополнително ја влошува и новиот сој на коронавирусот кој „дошол и во Србија“.

„Интересно е што не сакаме да слушаме што се случува во другите држави, британскиот сој на коронавирусот поефикасно ќе се пренесува. Тој сè уште не доминира, но порастот на бројот на заразените ќе го покаже неговото присуство“, кажа Кон.

„На овој начин е загрозена вакцинацијата, луѓето од црвената зона сега работат и на вакцинацијата, исцрпеноста е огромна, и тоа мора да се сопре“, напомена тој.

Коментирајќи ја гужвата во ски-центрите во Србија, Кон кажа дека медицинскиот дел на кризниот штаб предупредил пред зимскиот распуст на тоа дека ски-центрите не треба да бидат пополнети повеќе од 30 отсто.

Кон предупреди дека граѓаните на Србија треба да сфатат дека коронавирусот е смртоносна болест и дека „не е игра“.

„Ако не станеме посериозни, ќе пукнеме“, кажа Кон.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе