Ѓукановиќ: Време е за нови избори

Претседателот на Црна Гора и лидер на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ смета дека е време за нови избори и Црна Гора „да добие политички одговорна, компетентна влада“.

EPA-EFE

Ѓукановиќ, зборувајќи на свеченост на подмладокот на ДПС во Плевља, кажа дека таа влада ќе продолжи да ја води Црна Гора по патот на изградба на граѓанска држава, унапредување на меѓунационалните и меѓуверските односи и преку достигнување на европските системи на вредности.

„Значи, време е во Црна Гора на власт повторно да дојде Демократската партија на социјалистите со своите традиционални коалициски партнери“, кажа Ѓукановиќ.

Тој двегодишниот период по парламентарните избори го нарече „мачен експеримент“ и оцени дека тоа биле години на сериозни загуби во економскиот и демократскиот развој ан Црна Гора.

Ѓукановиќ преговорите на парламентарното мнозинство од парламентарните избори одржани во август 2020 година ги нарече „трагикомичен обид да се избега од избори“.

„Од избори бегаат само оние кои се убедени дека на нив ќе изгубат“, кажа црногорскиот претседател.

Парламентарното мнозинство на Црна Гора ѝ достави на претседателката на собранието Даниела Ѓуровиќ 41 потпис за поддршка на предлогот за почнување постапка за утврдување дали претседателот на Црна Гора го повредил уставот, односно постапка за разрешување на Ѓукановиќ, откако го одби предлогот на старото парламентарно мнозинство мандатар за состав на новата влада да биде Миодраг Лекиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе