Германскиот канцелар доби поддршка од коалицијата за испорака на оружје за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја доби поддршката од помал коалициски партнер на Либерално-демократската партија (ФДП) поради неговата внимателна политика за испорака на оружје за Украина.

Фото: ЕПА

„Олаф Шолц е одговорен лидер кој внимателно ги одмерува опциите и донесува одлуки врз основа на тоа. Канцеларот ужива целосна поддршка од ФДП“, рече претседателот на ФДП Кристијан Линднер во видео повик на партиската конвенција на германските либерали во Берлин овој викенд.

Линднер особено ги критикуваше германските демохристијани од ЦДУ/ЦСУ, кои најавија дека во Бундестагот ќе го покренат прашањето за испорака на тешко оружје за Украина.

Тој додаде дека додека беснее војната во Европа „нема разбирање за таквите форми на партиско-политички маневри“. Во својот говор Линднер сепак не изјави дека ставот на социјалдемократот Шолц, кој одбива да испорача тешко оружје на Украина, бил критикуван и од политичарите на ФДП и од Зелените, третиот партнер во владејачката коалиција.

Претседателот на опозициската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) Фридрих Мерц побара од Олаф Шолц следната недела да се обрати во Бундестагот за позицијата на владата за Украина и испораката на оружје. Во спротивно пратеничката група на демохристијаните во Бундестагот ќе поднесе сопствено барање за испорака на тешко вооружување.

Германскиот канцелар на крајот на неделата повторно го бранеше својот став пред членките на НАТО дека тешко оружје како тенкови не треба да ѝ се доставува на Украина, објаснувајќи им ја опасноста од проширување на воените конфликти.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе