Германски пилот во чест на почетокот вакцинирањето прелета рута во форма на шприц (ВИДЕО)

Германскиот пилот Семи Крамер непосредно пред Божиќ со своето летало се вивнал во небото над јужна Германија и таму „исцртал“ џиновски шприц, сакајќи со тоа да ги потсети луѓето на почетокот на кампањата за вакцинирање против ковид-19 во Европа.

Screenshot: flightradar24

Дваесетгодишниот пилот најпрво на ГПС уредот ја одработил рутата по која ќе лета пред со малиот авион дајмонд ДА-20 „катана“ да се вивне кон небото во близина на Боденското Езеро.

Летајќи на висина од 5.000 метри тој ја поминал замислената рта во облик на 70 километри долг шприц, која можеше да се види на популарниот сајт Флајтрејрад24.

Неговиот лет траел нешто повеќе од еден час во воздушниот простор меѓу градовите Фридрихсхафен и Улм.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Samy Kramer (@samy.kramer)

„Сè уште има релативно многу од оние кои се противат на вакцинирањето и мојата акција можеби ќе ги поттикне подобро да размислат за неговата важност и да се активираат“, кажа Крамер денес за Ројтерс, додавајќи дека неговиот лет не треба да се сфати како директен повик за вакцинирање.

„Можеби овој мој денешен чин по малку е и знак на радост бидејќи воздухопловната индустрија е прилично погодена од пандемијата“, кажа младиот пилот.

Во Германија денес официјално почна кампањата за вакцинирање против ковид-19.

Сојузната влада до крајот на годината планира да подели над 1,3 милиони дози вакцини на локалните здравствени власти и потоа секоја недела во текот на јануари по околу 700.000 дози.

 

Легенда под Главна слика

Screenshot: flightradar24

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе