Германски министер: Делумната блокада може да трае до пролет

„Делумната блокада во Германија може да продолжи до рана пролет ако не успееме да го контролираме ширењето на заразата", рече во денешното интервју германскиот министер за економија Питер Алтмаер.

EPA-EFE/FILIP SINGER

Алтмаер за весникот Велт изјави дека не е можно да се укине блокадата ако во големи делови на Германија има повеќе од 50 заразени на 100.000 жители.

„Ни претстојат долги три до четири зимски месеци. Можно е ограничувањата да останат на сила уште во првите месеци од 2021 година“, додаде тој.

Канцеларката Ангела Меркел во средата се согласи со лидерите на 16 германски сојузни држави дека мерките против ковид-19 ќе бидат продолжени барем до 20 декември, пишува Ројтерс.

Германија на почетокот на ноември ги затвори баровите, кафулињата и рестораните, но ги остави училиштата и продавниците отворени. Досега мерките го стопираа експоненцијалниот раст на случаите, но бројот на нови инфекции останува голем.

Во последните 24 часа, во Германија се пријавени 21.695 нови случаи на коронавирус.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/FILIP SINGER

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе