„Има капацитет да отвори нов фронт“

Германски генерал: Не смее да се потцени воената сила на Русија

Началникот на германската одбрана предупреди дека Западот не смее да ја потцени воената сила на Москва кажувајќи дека Русија е во можност да отвори втор фронт ако тоа го одлучи.

EPA-EFE

„Повеќето руски копнени сили можеби се моментално врзани во Украина, но не би требало да го потцениме потенцијалот на руските копнени сили да отворат второ боиште“, изјави за Ројтерс генералот Еберхарт Корн, генералниот инспектор на Бундесверот.

Освен армијата, Русија ги има на располагање и морнарицата и воздухопловството, додаде тој.

„Поголемиот дел од руската морнарица сè уште не е распоредена во војната во Украина, а руските воздухопловни сили и понатаму имаат значителен потенцијал, што претставува закана и за НАТО“, кажа Корн.

Бундесверот редовно пружа поддршка на НАТО мисиите за надзор на воздушниот простор со борбени авиони и бидејќи има една од најсилните флоти во регионот, внимателно го следи и развојот на настаните на својот праг во Балтичкото Море, пишува Ројтерс.

Едно од потенцијалните жаришта во таа област е Калининград, руската ексклава вклештена меѓу членки на НАТО, Полска и Литванија, каде што е седиштето на руската Балтичка флота и локација за распоредување на руските ракети „искандер“ со нуклеарен капацитет.

Русија се закани дека ќе постави нуклеарно и суперсонично оружје во Калининград ако Финска и Шведска се приклучат на НАТО.

Корн истакна дека Русија и понатаму има значителни резерви.

„Што се однесува до нејзината војска, Русија има голем капацитет регионално да го прошири конфликтот“, кажа германскиот генерал.

„Тоа што тоа би било многу неразумно од Русија е друга приказна“.

Во освртот на воената ситуација во Украина Корн кажа дека динамиката на рускиот напад е успорена, но дека Русија и понатаму напредува.

„Со поддршка од масивен артилериски оган тие одат напред, без оглед на украинските цивилни жртви“, кажа тој.

Тој смета дека Русија нема да остане без муниција во скоро време.

„Русите имаат огромни количества муниција на располагање. Таа муниција е делумно стара и многу непрецизна и токму тоа предизвикува големо уништување на цивилната инфраструктура. Тие испукуваат околу 40.000 до 60.000 парчиња артилериска муниција дневно“.

Корн кажа дека, сепак, во моментов не очекува никаква далекусежна офанзива длабоко на територијата на Украина.

Тој кажа и дека руските сили во моментов се фокусирани на освојувањето на Донбас, индустрискиот регион на истокот на Украина, каде бунтовниците кои ги поддржува Москва држат големи територии. Истакна дека, меѓутоа, никакво воено решение нема на повидок.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе