Германски амбасадор во Кина почина две недели по преземањето на функцијата

Германскиот амбасадор во Кина Јан Хекер почина по нецели две недели откако ја презеде функцијата, соопшти германското Министерство за надворешни работи. Имаше 54 години.

Фото: ЕПА

Хекер, советник за надворешна политика на канцеларката Ангела Меркел, ја презеде функцијата на 24 август, објави амбасадата од кинеската престолнина на социјалната мрежа Вичет. Причината за смртта допрва треба да се потврди.

„Длабоко нè натажи и изненади ненадејната смрт на германскиот амбасадор во Кина“, соопшти германското Министерство за надворешни работи.

„Хекер изгледаше добро и среќно минатиот петок кога беше домаќин на настан посветен на германскиот уметник Јозеф Бојс во својот дом во Пекинг“, рече еден од гостите на настанот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе