Германија забранува пиротехника, велат дека болниците веќе им се полни поради ковид

Пандемијата и пиротехниката не одат заедно, одлучи Германија втора година по ред кога горниот дом на парламентот донесе мерка со која се забранува продажба на пиротехнички средства воочи Нова година.

Фото: ЕПА

Германија е среде четврти бран на ковид-19 пандемијата, а министерот за здравство е загрижен дека ќе има и петти. Ова може да доведе до преплавеност на болниците, кои нема да имаат време да се бават со повреди предизвикани од пиротехнички средства.

Многу Германци уживаат во огномет за време на испраќањето на старата и пречекот на Новата година, а цели населби се претвораат во пиротехнички претстави.

Но, противниците на огнометите тврдат дека затоа станбените области стануваат сè повеќе како воени зони, а лекарите укажуваат на редовен пораст на повредите предизвикани од пиротехнички средства. Ова најчесто се случува кога петардите експлодираат во раце или во близина на други луѓе.

„Болниците и медицинските ординации со месеци се под голем притисок поради пандемијата“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер минатата недела. „Сега сакаме да спречиме дополнителен стрес, како и какви било итни случаи што може да се избегнат“.

Но, критичарите велат дека луѓето ќе одат во соседните земји, како што е Полска, и таму ќе купуваат пиротехнички средства. Исто така, во овие земји одамна се достапни многу посилни пиротехнички средства од оние што се продаваат во Германија.

Германската царина во Франкфурт на Одра, град на полската граница, очекува до крајот на годината да се прошверцуваат 2,5 до 3 тони нелегален огномет.

Исто така, германското здружение за пиротехника проценува дека државата ќе загуби околу 122 милиони евра поради забраната за продажба на пиротехнички средства.

Иако оваа забрана важи само за новогодишната ноќ, здруженијата за заштита на средината и животните со години бараат општа забрана. Сметаат дека огнометот, освен што е опасен бидејќи предизвикува повреди, влијае и на загадувањето и постои ризик од пожар и предизвикува стрес кај животните.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе