Германија тестира капсули за спиење за бездомници, со соларни панели и отпорни на ветер (ВИДЕО)

Властите во Германија на почетокот на јануари започнаа да тестираат капсули за спиење со футуристички изглед наменети за бездомници. Според податоците од 2016 година, во земјата живеат околу 860.000 бездомници, што укажува на голем проблем, пренесува Индипендент.

Screenshot

Отпорни на ветар и водоотпорни капсули за спиење биле поставени на 8 јануари во парковите на германскиот град Улм, оддалечен 120 километри од Минхен, објави компанијата Улмер нест.

Куќичките се направени од дрво и челик и обезбедуваат доволно простор за две лица. Тие ефикасно штитат од студ, ветер и влага, но во исто време гарантираат циркулација на свеж воздух.

За да се обезбеди приватност на корисниците, во нив нема камери. Инсталирани се сензори за движење за да ги известат социјалните работници дека се отворила вратата, за бездомниците да не се вознемируваат поради чистење доколку ја користат капсулата.

Овие капсули со футуристички изглед се исто така опремени со соларни панели и поврзани се со радио мрежа, што им овозможува на корисниците да комуницираат со тимот задолжен за одржување без да бидат зависни од мобилните мрежи.

Креаторите Улмер нест рекоа дека кабините се наменети за луѓе кои не можат да ги користат вообичаените засолништа за бездомници, или поради психолошки фактори или затоа што, на пример, имаат домашно милениче.

Објаснија дека се надеваат дека така ќе им помогнат на бездомниците и особено ќе ги заштитат за време на студените зимски ноќи, но посочуваат дека иницијативата не е алтернатива за хостели и безбедни куќи, туку треба да послужи како последно средство за оние кои навистина немаат каде да се засолнат.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе