Германија ѝ испраќа многу оружје на Украина

Германија ќе ѝ испрати на Украина нова помош во оружје вредна околу 500 милиони евра, кои ќе стигнат во 2023, кажа портпаролот на германската влада. Испораките опфаќаат три противвоздушни одбранбени системи Ирис-Т, десетина тенкови, 20 ракетни фрлачи поставени на лесни камиони, и прецизна муниција и антидронско оружје, кажа портпаролот во изјава за Франс прес.

EPA-EFE

Канцеларот Олаф Шолц и неговата влада, кои одлучија да вложат 100 милијарди евра во модернизација на германската војска која е во загрижувачка состојба, веќе се шест месеци мета на критики, пред сè од украинските власти, поради тоа што наводно се колебаат да му испраќаат оружје на Киев.

Берлин на почетокот на јуни најави испорака на системот за противвоздушна одбрана Ирис-Т на германскиот произведувач Диел кој може, како што истакна Шолц, „целосно да заштити голем град од руските воздушни напади“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе