Хаубиците, кои можат да истрелаат шест проектили во минута на оддалеченост од 40 километри, ќе бидат произведени во Словачка, соопшти германското министерство, пренесе Ројтерс.
Германија, Данска и Норвешка ќе потрошат 92 милиони евра за хаубиците. Украина објави дека ѝ треба повеќе тешко вооружување за да се спротивстави на Русија, наведува агенцијата.