Германец си ги убил сопругата и трите деца поради лажна ковид-пропусница

Германец си ги убил сопругата и трите деца, а потоа си го одзел животот, оставајќи зад себе порака во која вели дека се плашел дека ќе заврши во затвор поради фалсификување здравствена коронавирус-пропусница, соопштија во вторникот обвинителите, пренесува АФП.

Фото: ЕПА

Сите пет тела биле пронајдени во саботата во семејна куќа недалеку од Берлин, соопшти обвинителството во Бранденбург.

40-годишниот татко во пораката рекол дека на сопругата ѝ обезбедил лажна пропусница за вакцината против коронавирусот.

Меѓутоа, нејзиниот шеф дознал за измамата и планирал да истражи сè, изјавил за АФП портпаролот на обвинителот Гернот Бантлеон.

„Таткото очекуваше дека тој и неговата сопруга ќе бидат затворени и дека нивните деца ќе бидат одземени“, рекол Бантлеон, пренесува германски Локал.

Инспекторите веруваат дека мажот ги убил децата од четири, осум и десет години и сопругата, а потоа си го одзел животот.

Соседите повикале брза помош откако ги виделе безживотните тела во куќата.

Германските власти постојано предупредуваа за ширењето лажни сертификати за вакцинација против коронавирусот, во земјата што е особено тешко погодена од последниот смртоносен бран на коронавирусот во споредба со нејзините соседи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе