Германец ги прскал луѓето со спреј солзавец бидејќи не држеле дистанца

71-годишен Германец премногу сериозно го сфатил правилото за физичко растојание па минувачите ги прскал со спреј за самоодбрана, соопшти германската полиција.

Прво испрскал група џогери, а потоа и двајца велосипедисти во западниот град Ахен, се вели во полициското соопштение, додавајќи дека нападите биле извршени „без предупредување“.

Велосипедистите, брачна двојка на возраст од 51 до 49 години, успеале да го избегнат спрејот и застанале да повикаат полиција.

Човекот ѝ рекол на полицијата дека немало друг начин да им покаже на другите да се придржуваат до воспоставените мерки со цел сузбивање на ширењето на коронавирусот.

Тој е обвинет за предизвикување сериозни повреди и опасно попречување на сообраќајот.

Ахен е еден од главните урбани центри во Германија, кој во моментов е класифициран како област со висок ризик поради високата стапка на зараза.

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе