Дојче веле

Германците се спремаат за штедење енергија: Кремљ ќе го сопре гасот?

Претседателот на германската Сојузна агенција за мрежи Клаус Милер се плаши од целосен прекин на испораките на руски гас и апелира до граѓаните уште сега да штедат енергија, јавува Дојче веле.

EPA-EFE

Наскоро почнуваат редовните годишни работи на одржувањето на гасоводот Северен тек 1 кој директно ги поврзува двете земји. Тогаш гасот не тече, а работите обично траат десетина дена.

Но, како што предупредува Милер, овој пат тоа може да биде „долготрајно политичко одржување“. Во тој случај Германија мора „сериозно да разговара за штедење“, кажа тој, имајќи предвид дека за 12 недели официјално почнува грејната сезона.

Во четвртокот и министерот за економија Роберт Хабек предупреди дека редовните работи на Северен тек (почнуваат на 11 јули) би можеле да бидат искористени за политичка игра, односно Кремљ и по завршувањето на работите да не испорачува гас.

Како што кажа Хабек, снабдувањето со гас е обезбедено за летниот период, а потоа би почнале проблемите.

Шефот на Агенцијата за мрежи, која е задолжена и за енергетика, ги повикува граѓаните што побрзо да ги проверат своите гасни котли и радијаторите, да го платат одржувањето кое може да заштеди гас. Милер ги повика мајсторите кои се бават со тоа во следниот период да се сконцентрираат на инсталациите за греење и топла вода.

„Семејствата уште сега би требало да поразговараат за тоа дали во зима во секоја просторија ќе ја одржуваат вообичаената температура, или некаде може да биде постудено“, кажа Милер.

Според него, државата ќе преземе сè за приватните домаќинства или објектите како болниците да не останат без гас.

Владата уште сега им препорачува на компаниите да набават агрегати за струја, во случај да заостри ситуацијата со гасот и да дојде до недостиг од струја, дознава таблоидот Билд.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе