Германците се помалку работат од дома и се враќаат во канцелариите

Се поголем број Германци се враќаат на работа во канцеларии и на други работни места, а само четвртина продолжуваат да работат барем делумно од дома, објави во четвртокот економскиот институт Ифо.

Фото: ЕПА

По година и пол дена од пандемијата на коронавирус, четвртина (25,5 проценти) од Германците во јули сè уште вршеле дел од работата од дома, процени Ифо. Тоа е нешто помалку од јунскиот резултат од 28,4 проценти.

Институтот објави дека резултатот не е таков само затоа што кон крајот на јуни истече обврската наметната од владата на компаниите да им дозволат на своите вработени да работат од дома.

„Луѓето повторно бараат личен контакт во канцелариите“, рече економистот од Ифо, Жан-Виктор Алипур.

Работниците во услужниот сектор продолжуваат да работат од дома во поголем број, особено во медиумите, откри Ифо.

Сепак, и во тој сектор имало остар пад, бидејќи во јули, 37 проценти од вработените повремено работеле од дома, што е речиси половина помалку отколку во јуни.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Западот може да му послужи на остатокот од светот како изложба на ужасни и очигледно неуспешни идеи, меѓу кои се и комунизмот, фашизмот, нацизмот, феминизмот, анархизмот и, во последно време, либерализмот.

повеќе

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе