Газпром објави фотографија од истечено масло

Руски Газпром синоќа објави дека испораките на гас преку Северен тек 1 нема да продолжат денеска, откако беше откриено дека од главната гасна турбина на компресорската станица Портоваја во близина на Санкт Петербург истекува масло.

Газпром објави и фотографија на својот канал на Телеграм за која тврди дека го покажува истекувањето масло на компресорската станица.

„Колку долго Москва може да ја поти Европа поради ова?“, напиша на Твитер дописникот на Ројтерс од Русија, Феликс Лајт.

Газпром рече дека турбината не може да работи безбедно додека не се реши истекувањето, а не даде временска рамка за тоа кога гасот би можел повторно да почне да се движи низ гасоводот, што се очекуваше да се случи денеска, по тридневен прекин заради одржување.

Газпром и претходно намалените испораки ги правдаше со работи за одржување, посочувајќи дека турбините што му ги праќал на сервис на Сименс енерџи не се вратени.

Извршниот директор Алексеј Милер рече дека санкциите значат дека Сименс енерџи, снабдувач на опрема за гасоводот, не може да врши редовно одржување. Германската компанија вршеше сервиси во Канада, која ја блокираше опремата бидејќи воведе санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Москва ги припишува проблемите со Северен тек 1 на санкциите, за кои тврди дека го попречиле вообичаеното одржување. Брисел возвраќа дека тоа е изговор, обвинувајќи ја Русија дека го користи гасот како економско оружје.

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе