Газпром комплетно ја прекина доставата на гас за ЕУ преку Северен тек

ЕУ рече дека Русија прибегнува кон енергетска уцена, додека Кремљ вели дека прекинот е предизвикан од проблеми со одржувањето и ефектот на западните санкции. 

Фото: ЕПА

Протокот нема да биде обновен според планираното поради дефект на турбината, велат од Газпром.

Рускиот енергетски гигант Газпром денеска објави прекин на испораките на природен гас за ЕУ преку гасоводот Северен тек 1, на неопределен период, поради технички дефекти. Гасоводот требаше да се рестартира на 3 септември по поправките на неговата единствена работна турбина.

Компанијата сооопшти дека добила предупредување од рускиот индустриски регулатор Ростехнадзор за дефект на турбината, односно наводно истекување масло во главната турбина на компресорската станица Портоваја, во близина на Санкт Петербург.

Веста доаѓа само неколку часа откако лидерите на Г7 се согласија да воведат досега невидени ограничувања на цените на руската нафта во обид да го скратат буџетот на Путин додека тој продолжува да води војна во Украина.
Русија е втор најголем извозник на нафта во светот по Саудиска Арабија и најголем светски извозник на природен гас.
 
Европа од Русија увезува околу 40 отсто од својот гас и 30 отсто од својата нафта, а Путин веќе беше обвинет за „енергетска уцена“ со задушување на протокот на природен гас во Германија преку Северен тек.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе