Гари Каспаров: Не сакам да слушам никакви глупости за тоа дали Путин знаел за труењето

Познатиот шахист и дисидент Гари Каспаров нималку не се сомнева дека зад самото труење на Путиновиот противник Алексеј Навални стои самиот Путин.

Фото: ЕПА

Тој синоќа објави серија твитови за тоа.

„Труењето на Алексеј Навални уште еднаш докажува дека за Путин атентат е политика - во Русија и надвор од неа. Не сакам да слушам никакви глупости за тоа дали Путин знаел, за одметнати елементи или дека изгледа лошо. Путин не го интересира тоа како изгледа, туку го интересира дали функционира. Очигледно смета дека функционира, затоа што упорно го прави“, коментираше Каспаров на Твитер.

„Не ми ја навредувајте интелигенцијата со сугестии дека било кој можел да му направи нешто на Навални без одобрение на Путин. Истото важи и за убиството на Немцов, Политковскајa и Литвиненко. Никој не би презел таков ризик на себе. Тоа е политика и тоа Путинова“, напиша Каспаров.

„Путиновото владеење на терор ќе продолжи сè додека не биде запрен. Диктаторите не застануваат сами од себе. Но, во слободен свет, сè уште има гласови кои повикуваат на ресетирање и ангажман - со други зборови, подмирување - тие имаат крв на своите раце.

„Му посакувам на мојот сонародник Навални целосно и брзо закрепнување од труењето. И апелирам до слободниот свет да се обедини против најголемиот отров - диктатурата на Путин, наместо да чекаат повторно да нападне“, заклучи Каспаров.

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални заврши во сибирската болница во градот Омск, а неговите најблиски соработници се убедени дека е отруен.

„Сметаме дека Алексеј е отруен од нешто ставено во неговиот чај“, објави неговата портпаролка Кира Јармиш на Твитер. „Тој е во кома, во тешка состојба“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе