Гардијан: Западот подготвува планови за да спречи паника доколку Русите фрлат нуклеарна бомба

Иако нуклеарната криза не се смета за веројатно сценарио, западните земји подготвуваат „добро осмислени планови" за спречување паника на своите територии доколку Русија употреби нуклеарно оружје во Украина, пишува Гардијан. Анонимен западен функционер вели дека се подготвува за широк спектар на сценарија за да се смири дел од населението што стравува од ескалација на нуклеарен конфликт.

Фото: ЕПА

Во текот на минатиот месец, Украинците постигнаа голем напредок на бојното поле, на што Владимир Путин одговори дека ќе ја брани руската територија „со сите можни средства“. „Коментарите на Путин за употребата на нуклеарно оружје се многу неодговорни. Ниедна друга држава не зборува за употреба на нуклеарно оружје во и околу Украина, па затоа не го сметаме ова за нуклеарна криза“, рече претходно споменатиот функционер и додаде:

„Путин мора да знае дека употребата на нуклеарно оружје ќе го скрши табуто што се задржа од 1945 година и дека тоа ќе доведе до тешки последици за Русија, но и за сите останати“.

И додека американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан на крајот на септември рече дека руската детонација на нуклеарна бомба ќе има „катастрофални последици“, нема јавен консензус за тоа како западните земји ќе реагираат на тоа. Емануел Макрон рече дека Франција нема да возврати на истиот начин.

Службеникот кој зборуваше за медиумите не беше подготвен да одговори на тоа прашање, но се очекува дека првичниот одговор нема да вклучува нуклеарно оружје, за да се спречи брза ескалација на конфликтот.

Претходно оваа недела, Џереми Флеминг, шеф на британската Џи-си-ејџ-кју (GCHQ) шпионска служба, рече дека не гледа знаци дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје во Украина.

И експертите најмногу го делат ова мислење и сметаат дека Путин блефира со закани за нуклеарно оружје и дека планира да предизвика страв и несигурност на Западот, за да го спречи НАТО да се вклучи во војната на украинска страна.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе