Гардијан: Кинезите за три години оштетиле и уништиле илјадници џамии

Илјадници џамии се уништени и оштетени за само три години во северозападната кинеска покраина Синџијанг и сега ги има помалку од кога бло, пишува британски Гардијан.

EPA-EFE

Ова се податоци од извештајот за наводната кинеска репресија која се спроведува врз муслиманското малцинство на австралиската аналитичка група Стратеџик полиси институт (СПИ). Податоците се добиени преку сателитски снимки и извештаи од теренот.

Кинеските власти тврдат дека во таа област има повеќе од 24.000 џамии и дека властите ги чуваат. Но, според извештајот на СПИ, останале едвај нешто повеќе од 15.000, кои не се уништени ни оштетени.

„Ова е најнискиот број од културната револуција, кога имаше помалку од 3.000 џамии“, се наведува во извештајот. Две третини од џамиите се оштетени, а околу 50 отсто од заштитените објекти на културното налседство се уништени или оштетени. Меѓу нив и Ордам Мазар, древно гратче за аџилак од 10 век кое е целосно уништено.

Се проценува дека од 2017 година 30 отсто од џамиите биле уништени, додека уште 30 отсто биле на некој начин оштетени. На некои им се урнати минарињата, некои места останале напуштени, додека други се претворени во паркинзи или се употребуваат во земјоделски цели.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе