Г-20 постигна консензус за руската блокада за извоз на украинското жито, Лавров ги напуштал состаноците

Министрите за надворешни работи на земјите од Г-20 на денешната средба во Индонезија постигнаа консензус во врска со барањето Русија да ја укине блокадата на украинскиот извоз на жито, изјави западен претставник што учествувал на состанокот.

Фото: ЕПА

„Се надеваме дека како резултат на овој состанок, Русија ќе види колку е раширен консензусот за потребата да се постигне напредок во прашањето за житото“, рече претставникот, истакнувајќи дека тоа е вреден резултат, но дека останува да се види дали тоа ќе доведе до промена.

„Американскиот државен секретар Антони Блинкен на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 рече дека групата мора, доколку сака да остане релевантна, да бара одговорност од Русија за нејзините постапки во Украина“, изјави висок претставник на американскиот Стејт департмент.

„Блинкен ги повика земјите-членки да ја повикаат Русија на одговорност и ја истакна потребата да се тргне напред со глобалниот план за храна“, рече претставникот, додавајќи дека Русија се обидува да ги поткопа мултилатералните институции што САД се обидуваат да ги зајакнат.

Лавров ги напуштал состаноците

На состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20, некои од најжестоките критичари на руската инвазија се соочија со првиот дипломат на Кремљ, Сергеј Лавров.

„Рускиот министер за надворешни работи денеска не присуствуваше на повеќето попладневни сесии на самитот на Г-20 на Бали и ја напушташе салата по своите изјави“, изјави високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика, Жозеп Борел.

Тој им рече на новинарите дека откако Лавров го кажал својот став, не дочекал да ги слушне другите коментари, однесувајќи се на начин „во кој немаше многу почит“.

Лавров излегол од седницата на Групата 20, додека неговата германска колешка Аналена Баербок ја критикувала Москва за војната во Украина, рекле дипломатите.

Дипломатите рекле дека Лавров подоцна ја напуштил и попладневната сесија пред виртуелното појавување на министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба и дека не бил присутен додека американскиот државен секретар Антони Блинкен ја критикувал Русија на состанокот зад затворени врати на Бали.

Лавров претходно ги прекори западните земји за, како што рече, „збеснатото критикување“ на Русија.

Најголема грижа на Владата е испораката на жито од Украина преку пристаништата, кои се блокирани поради руското присуство во Црно Море и поради поморските мини.

Украина е најголемиот извозник на жито и хуманитарните агенции предупредуваат дека земјите во Африка, Блискиот Исток и на други места се изложени на ризик од катастрофален недостиг од храна, доколку залихите не стигнат до нив.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во виртуелното обраќање на собирот рече дека меѓународната заедница не треба да дозволи Русија да го уценува светот со високи цени на енергијата, глад и со безбедносни закани.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе