Франсис Хауген пред британскиот суд: „Закерберг има контрола над три милијарди луѓе“

Марк Закерберг, има „еднострана контрола над три милијарди луѓе“ благодарение на неговата неоспорна позиција на чело на Фејсбук, им порача вчера на британските пратеници „свиркачката“ Франсис Хауген и повика на итна надворешна регулатива со цел да се заузда менаџментот на оваа технолошка компанија и да се намали штетата на општеството.

Фото: ЕПА

Хауген, поранешна вработена во Фејсбук која објави десетици илјади документи за бизнисот на компанијата, отпатува во Лондон од Соединетите Американски Држави на парламентарно сослушување и ги поддржа предлозите на британската влада дека треба да се регулираат платформите на социјалните мрежи и да ги принуди да преземат одредена одговорност за содржината на нивните сајтови.

Внатрешната култура на компанијата му дава приоритет на профитот во однос на влијанието врз поширокиот свет, рече Хауген, додавајќи дека „додека не воспоставиме противтежа, овие работи ќе се управуваат во интерес на акционерите, а не на јавноста“.

Таа, исто така, предупреди дека Инстаграм, кој е во сопственост на Фејсбук и кој го користат милиони деца низ светот, можеби никогаш нема да биде безбеден за децата.

Обраќајќи им се на пратениците, таа рече дека за повеќето светски, сè пополаризирани политики се одговорни социјалните мрежи и радикализираното влијание на сервисите како што е Фејсбук.

Поради зголемените стравувања за влијанието на Инстаграм врз менталното здравје на тинејџерите, Хауген рече дека истражувањето на Фејсбук ги споредило младите корисници на таа апликација со зависници кои не се во можност да се оттргнат од услугата која ги прави несреќни. Таа истакна дека истражувањето покажало дека Инстаграм е поопасен од другите социјални мрежи како Тикток и Снепчет, бидејќи таа платформа е фокусирана на „споредување на физичкиот изглед, животните стилови, што на крај им штети на децата“.

Хауген истакна дека во компанијата има многу „добри, учтиви и совесни луѓе“, но дека работат врз основа на лоши иницијативи кои ги одредува менаџментот. „Фејсбук не е подготвен да прифати ни најмала жртва на профитот поради безбедност. Тоа не е прифатливо“.

Од Фејсбук вчера беше објавено дека „основната премиса врз која се засноваат обвинувањата е погрешна“.

„Да, ова е бизнис и ние остваруваме профит, но идејата дека го правиме тоа на сметка на безбедноста на луѓето е погрешно толкување на нашите комерцијални интереси. Вистина е дека инвестиравме 13 милијарди долари и имаме над 40.000 луѓе кои работат само една работа: тие се обидуваат луѓето на Фејсбук да бидат безбедни“, рече портпаролот на компанијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе