Французите направија ковид-калкулатор: одењето во ресторан носи до 98% ризик од зараза

Влегувањето во затворен простор, како што е ресторан во Париз со повеќе од 50 лица внатре, е ризик од 98 отсто дека некој ќе биде позитивен за ковид, според онлајн-калкулаторот од научниците на Ковидтракер.

Фото: ЕПА

Со оглед на тоа што Франција пријавува повеќе од 400.000 нови случаи на ден, научниците зад францускиот ковидтракер-сајт - кој содржи визуелни модели и анализа на податоците на француската влада за случаите на ковид и вакцинациите - создадоа онлајн-алатка што ви овозможува да го пресметате вашиот ризик според зоната и бројот на присутни луѓе.

Калкулаторот го пресметува ризикот врз основа на бројот на луѓето во затворен простор.

Ова може да вклучува забави или настани, но исто така и ресторани и барови врз основа на вкупниот број на луѓето - клиенти и персонал - во собата.

Да се биде во истата просторија очигледно не значи дека дефинитивно ќе го фатите ковид, но може да резултира со предупредување како „контакт-случај“, за кој е потребно тестирање или изолација, во зависност од статусот на вакцинација.

Во Париз, каде што стапката на инциденца во моментов е 3.538 случаи на 100.000 луѓе, престојот во соба со 50 или повеќе луѓе носи ризик од 98 отсто дека еден од тие луѓе ќе биде позитивен.

Дури и соба со 30 или повеќе луѓе - капацитетот на сите освен најмалите барови и кафулиња - носи ризик од позитивен случај од 89 отсто.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе