Французите ги претворија брзите возови во подвижни болници (ВИДЕО)

За да ослободат болнички кревети на интензивна нега од најтешко погодените области во земјата, Французите ги пренаменија специјалните возови „те-же-ве“ во подвижни болници.

Брзите возови се претворени во болници кои се движат за превоз на пациенти од еден дел на земјата во друг.

„Имаме повеќе простор отколку во амбулантно возило или во хеликоптер“, кажа Франсоа Брон, претседател на заводот за итна медицина.

Носилките се прицврстени над седиштата, за да се добијат кревети, а рестораните во возот се претворени во медицински простор.

Два медицински воза „те-же-ве“ денес ќе префрлат околу 40 пациенти од источните градови Нанси и Мулуз на југозапад, јавува Франс прес.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе