Францускиот парламент го отфрли предлогот за гласање доверба на владата

Француските пратеници го отфрлија предлогот за гласање доверба на владата поднесен од левицата за да го изразат своето противење на политиката на претседателот Емануел Макрон. Само 146 пратеници на Националното собрание гласаа за предлогот претставен од левичарската коалиција Нупес, која ги обединува зелените, комунистите, социјалистите и радикалната левица.

Фото: ЕПА

За да биде прифатен, текстот требаше да добие апсолутно мнозинство или 289 гласа, но десничарската опозиција и крајната десница предупредија дека нема да го поддржат. Гласањето беше реакција на минатонеделното одбивање на премиерката Елизабет Борн да побара поддршка за владина програма во францускиот парламент - што означува прекин со традицијата која досега воглавно се почитувала.

Макроновата центристичката коалиција го загуби апсолутното мнозинство на парламентарните избори на крајот на јуни, но сепак има најмногу пратеници, 250.

Покрај симболичното значење на овој предлог, опозицијата го користи како средство за преземање водечка позиција во долниот дом на парламентот, каде крајната десница е најголемата опозициска група, пред левицата, која е посилна во однос на вкупниот број пратеници, но е поделена во неколку групи, наведува агенцијата АФП.

Алијансата Нупес се состои од 151 пратеник, што значи дека петмина од нив одлучиле да не гласаат за недоверба, а тоа може да се протолкува како позитивен знак од Борн и нејзината влада, забележува агенцијата Ројтерс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе