Францускиот муслимански совет: Муслиманите во Франција не се прогонувани

Лидерот на Францускиот совет за муслиманска вера (ЦФЦМ) Мохамед Мусаи оцени дека муслиманите во Франција не се прогонувани, додека на Блискиот Исток се одржуваат сѐ повеќе протести и се повикува на бојкот по изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за карикатурите на Мухамед.

EPA-EFE

„Франција е голема земја, муслиманите не се прогонувани, тие слободно градат џамии и слободно ја практикуваат својата вера“, изјави Мусаи, главниот соговорник на француските власти за прашањата на исламот.

„Знаеме дека промотерите на овие кампањи зборуваат дека го бранат исламот, но ние ги повикуваме муслиманите на Франција на мудрост. Сите кампањи за оцрнување на Франција се контрапродуктивни и создаваат поделби“, додаде тој и побара од верниците „да ги бранат интересите на земјата“.

Говорот на францускиот претседател за време на националното оддавање почит на професорот на кој му беше отсечена главата при исламистички напад бидејќи ги покажувал карикатурите на муслиманскиот пророк Мухамед во наставата го разгневи муслиманскиот свет. Макрон вети и дека Франција ќе продолжи да го брани објавувањето на карикатурите во името на слободата на говорот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на бојкот на француските производи откако го доведе во прашање менталното здравје на Макрон.

Во врска со карикатурите, претседателот на ЦФЦМ објасни дека „законот не ги обврзува муслиманите да им се допаѓаат, дури им дава право да ги мразат“. Кажа дека го поддржува ставот на претседателот  Макрон кој повика „да не се откажува од карикатурите, од сите карикатури, под притисок на терористите“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе